Почеток МАКЕДОНИЈАСе запали куќа во Кочани: Пожарникарите спасија повозрасна жена, три лица завршија во болница

Се запали куќа во Кочани: Пожарникарите спасија повозрасна жена, три лица завршија во болница

A1on
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Пожарот што избувна попладнево пред 14 часот во куќа на улицата „Браќа Ставреви“ во Кочани, е изгаснат.

Од запалената куќа пожарникарите успеале да извлечат повозрасна жена, која, според првичните информации, не е во животно загрозувачка состојба.

Според информациите од Итната медицинска помош хоспитализирани се три лица, кои настрадале од вдишување на чад, но ниту еден од нив не е во животна опасност.

Во борбата со огнот кочанските пожарникари интервенираа со сите расположиви средства, а помош имаа и од Доброволното против пожарно друштво.

Истрагата за утврдување на околностите под кои избувнал пожарот се уште не е започната

Текстот Се запали куќа во Кочани: Пожарникарите спасија повозрасна жена, три лица завршија во болница е превземен од А1он.

Можно е и ова да ти се допаѓа