Почеток БАЛКАН Се зголемува бројот на загинати во Нови Сад: Засега се извлечени 12 тела

Се зголемува бројот на загинати во Нови Сад: Засега се извлечени 12 тела

A1on
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Вицепремиерот на Република Србија и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека во трагедијата на Железничката станица во Нови Сад загинале 12 лица.

– Акцијата за спасување трае цел ден, од самиот почеток се сомневаше дека бројката е значителна, и дека ако се земе предвид тежината на настрешницата, веројатно бројот на загинати ќе биде поголем од бројот на повредени. Извлечени се 12 тела, спасени се 3 лица, тие се во болница – изјави министерот Дачиќ.

Како што додаде, спасувачката операција продолжува. И како што изјави директорката на Клиничкиот центар на Војводина, Весна Туркулов, три лица кои беа извлечени од урнатините на Железничката станица во Нови Сад се во многу тешка состојба, од кои двајца се во операциона сала.

Текстот Се зголемува бројот на загинати во Нови Сад: Засега се извлечени 12 тела е превземен од А1он.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro