Почеток МАГАЗИН - ЗАНИМЛИВОСТИЗабаваСе мери загадувањето од угостителските објекти 

Се мери загадувањето од угостителските објекти 

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Општина Карпош на своја територија започна акција за мерење на загадувачки супстанци на отпадни гасови, кои се концентрирани во вентилациските канали на угостителските објекти.

Овие мерења ги врши акредитирана фирма по налог на општинскиот инспектор за животна средина.

-Согласно законските надлежности за одржување квалитетот на амбиенталниот воздух, веднаш по добиените резултати доколку бидат констатирани одредени неправилности, стручните служби од општината ќе спроведат соодветна прекршочна инспекциска постапка до стопанските субјекти – информираат од локалната самуправа.

Оттаму, нагласуваат дека целта на оваа контролна акција е намалување односно спречување на загадувањето на амбиенталниот воздух, кој директно влијае на квалитетот на живот на карпошани, поточно врз одржување на здравата животна средина.

 

The post Се мери загадувањето од угостителските објекти  appeared first on Вечер …1963 | Vecer MK.

Можно е и ова да ти се допаѓа