109
Во врска со информациите објавени во медиумите за здравствената состојба на Претседателот на Собранието на Северна Македонија, г. Африм Гаши, ја информираме јавноста дека тој вчера беше хоспитализиран на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија, се вели во соопштението од Собранието на Република Македонија.
Здравствената состојба на г. Гаши е стабилна, а во моментов се вршат детални лекарски прегледи. Сите понатамошни информации ќе бидат навремено доставени до јавноста од надлежните институции, истакнуваат од македонското Собрание.
