Почеток КУЛТУРА Се огласи Обвинителството за трагедијата во Нови Сад: Досега се сослушани 48 лица, пред обвинител уште петмина

Се огласи Обвинителството за трагедијата во Нови Сад: Досега се сослушани 48 лица, пред обвинител уште петмина

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад, по повод трагедијата на 1 ноември кога се урна покривот на зградата на железничката станица во тој град, во изминатите три дена сослуша вкупно 48 лица, а наложено е денеска да се испитаат уште пет лица.

Во истиот период, од повеќе различни институции, правни и физички лица, одземена е соодветна документација, чија детална анализа е во тек, а наредено е и потребното вештачење за утврдување на причината за уривањето на настрешницата, пропустите кои довеле до истото, како и одговорностите на лицата, беше соопштено денеска од српското обвинителство.

Како што е наведено, по спроведената истрага, местото е расчистено со оглед дека се работи за јавна површина, а заради обезбедување докази градежните остатоци од урнатата настрешница, по барање на јавен обвинител, се преместени на безбедна локација каде тие се под континуиран надзор на полициските службеници во Нови Сад.

– Трагичниот настан од 1.11.2024 година има апсолутен приоритет во Вишото јавно обвинителство во Нови Сад, кое продолжува интензивно да работи со цел утврдување на сите суштински елементи на кривичните дела и кривичната одговорност на лицата, за што јавноста ќе биде навремено и редовно информирана, наведуваат од Обвинителството.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro