Почеток КУЛТУРА Се уредува просторот околу зафатот за вода во Јуручки гробишта

Се уредува просторот околу зафатот за вода во Јуручки гробишта

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Општина Македонска Каменица започна со уредување на просторот околу зафатот за вода во местото викано Јуручки гробишта. Од Општината информираат дека активностите за реализација на проектот се спроведуваат благодарение на успешната соработка помеѓу јавното претпријатие „Камена Река“ на Општина Македонска Каменица и Фондацијата за развој на локалната заедница – Штип, со поддршката на УСАИД.

– Оваа инвестиција, дел од проектот „Направи разлика“, претставува уште еден чекор напред кон подобрување на условите за живот во нашата општина. Граѓаните, во иднина ќе имаат почиста, безбедна и здрава вода за пиење – истакна градоначалникот на Македонска Каменица, Димчо Атанасовски.

Тој уверува дека со посветено работење, заеднички ќе се постигнат значителни резултати кон подобрување на здравјето и благосостојбата на сите граѓани на општина Македонска Каменица и ќе се постават темели за одржлив и забрзан развој на нашата заедница.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro