Борбен авион „Мираж 2000“ испорачан на Украина од Франција се урна откако се случи дефект на опремата за време на мисијата, а пилотот безбедно се катапултираше, соопшти украинската војска.
Ова е првиот „Мираж“ што Украина го изгуби откако Франција започна со испораките претходно оваа година, објави Ројтерс.
„Имаше дефект на опремата, што пилотот го пријави на контролорите на летање. Пилотот успешно се катапултираше. Спасувачите го пронајдоа во стабилна состојба, а на земја немаше жртви во несреќата“, се вели во соопштението на украинската војска.
Текстот Се урна украински борбен авион „Мираж 2000“ доставен од Франција е превземен од А1он.