4
Десетокатниот хотел „Дубровник“ се урна рано во вторникот во крајбрежниот град Вила Гесел во аргентинската провинција Буенос Аирес, се вели во соопштението на локалната општина.
Се верува дека во тоа време внатре имало меѓу седум и девет лица, меѓу кои и градежни работници кои наводно работеле без општински дозволи во хотелот Дубровник, се вели во соопштението, пренесува Ројтерс.
Спасувачките екипи моментално ги расчистуваат урнатините за да ги ослободат затрупаните, соопштија властите, додавајќи дека општината ги стопирала градежните работи на локацијата во август оваа година.