0
Екипата на Силекс има ново засилување во тимот од странство, откако потпиша договор со Едис Бутурориќ од Босна и Херцеговина.
22-годишниот стопер доаѓа во Кратово како замена за капитенот Иван Шуберт кој ја промени средината. Последен клуб на Бутуровиќ му беше Игман Коњиц од БиХ.
Претходно, тој настапуваше и за Радник Хаџичи, како и младинските екипи на Слобода Тузла и Вележ Мостар, па за него Македонија ќе биде прва интернационална станица.
www.gol.mk