Почеток БАЛКАН Силен земјотрес на Халкидики, се тресеше и во Солун

Силен земјотрес на Халкидики, се тресеше и во Солун

Макфакс
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала попладнево ја погоди Грција.

Епицентарот на земјотресот бил на 12 километри јужно од Неа Мудања и на околу 60 километри југоисточно од Солун, на длабочина од десет километри, објави порталот „emsc-csem.org“.

Засега нема извештаи за повредени или материјална штета. По земјотресот следеа уште десетина послаби земјотреси од кои најсилниот беше 3.8 степени според Рихтер.

Заменик градоначалникот на Неа Мудања Костас Кокинидис потврди дека нема извештаи за материјална штета иако епицентарот на земјотресот бил блиску до ова место, објави порталот „прототема.гр“.

Сеизмологот Герасимос Пападопулос рече дека сè уште е „прерано да се зборува за главниот шок“:

„Утре ќе имаме повеќе докази и информации. Сè уште е рано да се зборува за голем земјотрес“, рече тој.

Текстот Силен земјотрес на Халкидики, се тресеше и во Солун е превземен од МАКФАКС.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro