Почеток БАЛКАН Силен земјотрес од 5,2 степени ја погоди близината на Халкидики, почувствуван и во Солун

Силен земјотрес од 5,2 степени ја погоди близината на Халкидики, почувствуван и во Солун

Лидер мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала беше регистриран попладнево во морскиот дел во близина на првиот крак на Халкидики, југозападно од Неа Мудања. Според податоците од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија, епицентарот се наоѓал на 12 километри југозападно од Неа Мудања, а потресот бил почувствуван и во Солун, јавува дописничката на МИА од Атина.

Нема пријавени материјални штети или повредени лица како последица од земјотресот.

Неколку минути по првиот потрес, следувал и втор земјотрес со помала јачина од 4,3 степени.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro