Почеток МАКЕДОНИЈА Силјановска го помилувала екс градоначалникот на Битола, Владимир Талески?

Силјановска го помилувала екс градоначалникот на Битола, Владимир Талески?

denesen.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Претседателката Гордана Силјановска Давкова го помилуваше поранешниот градоначалник на општина Битола Владимир Талески, дознава ТВ21. Тој беше во затвор по пресуда за случајот „Транспортер“ и требаше да одлежи уште една година.

Во 2022 година Апелациониот суд донесе правосилна пресуда за случајот во кој Талески беше осуден на седум години затвор за Злоупотреба на службената положба и овластувања во организирањето на бесплатниот школски превоз, но бидејќи во куќен притвор помина три години, за одлежување во затвор му останаа уште четири.

Во овој случај имаше и конфискација на нелегално стекнати пари, во износ од над пола милион евра.

Неговиот некогашен соработник од Општина Битола, секретарот Слободан Бончановски, за истото кривично дело беше осуден на 5 години и шест месеци затвор.

Засега нема потврда на веста на ТВ 21.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro