Почеток МАКЕДОНИЈА Синдикалната се намали за само 57 денари, а власта убедува дека „есенската кошничка“ дала резултати

Синдикалната се намали за само 57 денари, а власта убедува дека „есенската кошничка“ дала резултати

racin.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Уште пет дена трае мерката за замрзнување на профитната маржа на прехранбените производи коишто се дел од есенската потрошувачка кошничка со која требаше да се намалат цените на 73 основни прехранбени производи, но сепак граѓаните и понатаму се борат со високите цени и не го почувствуваа попуст.

Иако власта тврди дека тие заштедиле до 3.000 денари сепак, податоците од Сојузот на синдикати на Македонија објавени пред три дена покажуваат дека минималните трошоци на едно семејство во октомври се намалени за само 57 денари.

Според ССМ, податоците од синдикалната минимална кошница која за октомври изнесува 61.249 денари без трошоците за изнајмен стан од 60 метри квадратни, покажуваат дека мерката на Владата дала мал дел од посакуваните ефекти, но дека цените треба уште да се намалуваат бидејќи нивното зголемување нема никаква поврзаност со економската логика.

Првиот човек на Сојузот на синдикати, Слободан Трендафилов, вели дека мерката за замрзнување на маржата за 10 отсто за 70 производи воопшто не се почувствувала, а трговците ја злоупотребиле мерката, зголемувајќи ги цените во моментот кога дознале за најавата за есенска кошничка.

Од ССМ сметаат дека при креирање на мерките, Владата треба да го вклучи и синдикатот, а потребни се и поголеми контроли и казни за несовесните трговци.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro