Почеток МАКЕДОНИЈА Синдикатот на М-НАВ се закани со штрајк поради вработување на кадри со средно, премиерот порача се закануваат „оние што тепаа и правеа упад“

Синдикатот на М-НАВ се закани со штрајк поради вработување на кадри со средно, премиерот порача се закануваат „оние што тепаа и правеа упад“

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Откако од Синдикатот на М-НАВ се заканија со штрајк поради тоа што е распишан оглас за вработување на кадри со средно образование, а недостигаат контролори на летање, премиерот Христијан Мицкоски вели дека „тоа не е причината“.

-Се закануваат оние кои што правеа упад и кои што тепаа. Е сега немаат внимание и не се толку силни да тепаат и тоа е причината. Ние од закани не се плашиме, рече кратко Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања.

Струковиот синдикат на контролори на летање ССКЛМ во известување до раководството на М-НАВ  бара да го поништи последниот оглас за нови вработувања и да ги испочитува обврските од минатогодишната Спогодба која беше основа за ставање во мирување на тогашната одлука за штрајк. Повикуваат да се пристапи на итна реализација на неисполнетите точки од Спогодбата најдоцна до крајот на месецов, а во спротивно најавува реактивирање на штрајкот на 10. следниот месец.

Во известувањето до УО на М-НАВ се наведува дека состојбата во М-НАВ е влошена, како резултат на сериозно нарушени меѓучовечки односи, блокирани процеси за јавни набавки, неуспешна транзиција на нови технички системи, прекршување на одредби од Колективниот договор, тајни и неосновани измени во систематизацијата, отворање несуштински работни позиции и прераспоредувања без запазување на актите на друштвото до раководството, како и непочитување  на точки од Спогодбата помеѓу М-НАВ  и ССКЛ од 13.07.2023 која беше основа за ставање на штрајкот во мирување.

Синдикатот во известувањето доставено на 16. месецов реагира и на неодамна објавениот оглас за нови вработувања  во М-НАВ, за кои оценува дека „не одговараат на реалните, итни и суштински потреби на компанијата“. Бара поништување на огласот, а евентуалното пополнување на работните позиции да се изврши преку прераспоредување на постоечки вработени во М-НАВ преку интерен оглас или со додавање на работни задачи на недоволно ангажирани  вработени како и одделенски реорганизации и рационално прераспоредување на постојниот кадар.

The post Синдикатот на М-НАВ се закани со штрајк поради вработување на кадри со средно, премиерот порача се закануваат „оние што тепаа и правеа упад“ appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro