Почеток СВЕТСиријците во Данска: И за 27.000 евра нема да се вратиме дома

Сиријците во Данска: И за 27.000 евра нема да се вратиме дома

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Некои западноевропски земји се обидуваат да ги убедат бегалците од Сирија доброволно да се вратат дома. Данска, на пример, дава 27.000 евра на тие што ќе прифатат. Сепак, малкумина Сиријци ја прифаќаат ваквата понуда, пишува Дојче веле во својата анализа.

Голем дел од 45.000-те сириски бегалци се исправени пред судбински избор: Да остана во Данска или да се вратат во татковината. Ахмед е еден од нив – тој отворил мал сириски ресторан во данскиот град Орхуд. Сѐ уште не решил што ќе прави – ќе остане ли или ќе се врати во Сирија.

„По паѓањето на режимот на Асад се почувствував подобро – како повторно да сум Сириец. Доживеав емоционално и морално олеснување. Тажното е тоа што во Данска напорно работиме веќе 10 години, но сѐ уште не сме ги добиле сите неопходни документи“, вели тој за Дојче веле (ДВ).

Ако не се чувствуваш дека си сигурен, парите не значат ништо
Данската влада им нуди на Сиријците и другите бегалци до 27.000 евра ако доброволно се вратат во нивните татковини. Тоа е многу повисока сума од онаа што се нуди во Германија. Идејата во целост е добро прифатени, но сепак малкумина ја користат понудата: од почетокот на годинава само 120 луѓе се решиле за ваква варијанта.

Монзер, којашто учи за медицински сестра, објаснува дека ситуацијата во Сирија останува нестабилна.

„Ситуацијата се менува секојдневно. Кога зборувам со блиските по телефон, тие ме убедуваат дека не е добро да се враќам“, вели таа.

Исто размислува и Јусеф Бакдаш, сириски бегалец што волонтерски помага на други бегалци. Во граѓанската војна во Сирија тој бил тешко повреден во напад од војските на Асад и добива трајна онеспособеност. Тогаш решава да ја напушти земјата.

„Децата ми се родени тука. Тие дури и не ја знаат Сирија. Кога ги прашав што мислат за можноста да се вратиме, ќерка ми не рече ништо – само погледна во мојата протетичка нога. Ако не се чувствуваш дека си сигурен, парите не значта ништо“, вели тој.

Големата цел на Данска: Нула бегалци
Данска води многу рестриктивна политика во сферата на миграцијата и интеграцијата. Владата на левиот центар од неодамна има нова цел: Нула примени бегалци.

„Одлуката беше донесена од владата раководена од социјалдемократите. Но многу од мерките изгледаат како програма на конзервативна или десничарска волда. Данска е своевиден пионер на политиката во областа на миграцијата и азилот, којашто ја гледаме денес во многу делови на Европа“, за ДВ објаснува Хелена Хан, експерт за миграции.

Скандинавската земја го привлече меѓународното внимание уште во 2019 година, кога почна да одзема дозволи за престој на сириски бегалци. Тогаш некои правни и политички пречки го попречија масовното депортирање. Сега властите во Данска сакаат да ги засилат контактите со новите власти во Сирија.

Што може да се очекува следно?

„Смената на власта во Сирија отвори нови можности. Ете затоа тргнавме некои санкции, а целта ни е да создадеме стабилни услови во Сирија, за да може многумина од Сиријците што дојдоа во Европа во 2015 година да се вратат назад. Меѓутоа, сѐ уште не сме презеле никакви конкретни чекори“, вели данскиот министер за надворешни работи Ларс Локе Расмусен.

Има стравувања дека предлогот со бонус за враќање може да биде проследен од депортации, а први би можеле да бидат лицата што извршиле кривични дела или престапи.

Засега Јусеф се чувствува безбедно. Тој поднел молба за патување до Сирија и собира донации за луѓе што имаат потреба од протесзи.

„Сакам да ги испратам во Сирија на оние што имаат потреба од нив. А таму потреба е голема“, вели Јусеф Бакдаш, сакајќи да помогне на други коишто како него се засекогаш „обележани“ од војната.

The post Сиријците во Данска: И за 27.000 евра нема да се вратиме дома appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа