Почеток СПОРТ „Сите останати ќе ве ставам во една вреќа со гомна“

„Сите останати ќе ве ставам во една вреќа со гомна“

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Ниту на легендарниот француски фудбалер, Ерик Кантона, не му се допадна одлуката на INEOS дека најтрофејниот менаџер во клупската историја, Сер Алекс Фергусон, мора да го напушти англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед.

Откако ќе заврши актуелната сезона, Фергусон ќе го напушти Манчестер Јунајтед каде досега работеше како клупски амбасадор.

Така, INEOS продолжи да ги намалува трошоците, а последен на „удар“ е легендарниот Сер Алекс Фергусон, кој е синоним за Манчестер Јунајтед.

Наводно, сето тоа го шокирало самиот Фергусон, но му било кажано дека вратите на „Олд Трафорд“ никогаш нема да му бидат затворени и дека секогаш е добредојден на натпреварите.

Одлуката на ИНЕОС да го „пензионира“ Фергусон не ги израдува фановите на овој клуб, ниту пак Ерик Кантона кој беше многу лут поради тоа.

Французинот реши да се огласи на социјалните мрежи и да испрати јасна порака до целиот свет, а особено до челниците на Манчестер Јунајтед.

„Сер Алекс Фергусон е човек кому требаше да му биде дозволено да прави што сака во Манчестер Јунајтед додека не умре. Тие немаат никаква почит. Ова е скандалозно. Сер Алекс Фергусон секогаш ќе биде мој шеф, а останатото ќе го ставам во една голема вреќа со гомна“, напиша Кантона.

Кантона пет сезони играше под Фергусон во Манчестер Јунајтед и многу добро знае што значи тој човек за овој клуб. Со „црвените ѓаволи“ освои четири титули во Премиер лигата и два пати славеше во ФА купот.

Фергусон стана тренер на Манчестер Јунајтед во ноември 1986 година, а се пензионираше во 2013 година. Шкотскиот стручњак освои 13 шампионски титули, пет ФА купови, две Лига на шампиони и четири Лига Купа во неговите 27 години како менаџер.

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro