Лавина коментари во Америка поради случајот Џефри Епстен, осуден за сексален престап, Доналд Трамп се обидува да ги запре реакциите, но тешко дека и тој самиот верува дека ќе успее во тоа.
– Ништо нема да биде доволно добро, објави Трамп викендов, тврдејќи дека хистеријата ја прават „левичарите и провокаторите“. Но и поради неговите имплусивни реакции и неумешни обиди на неговата администрација да влијаат во теориите на заговорите кои самите потекнале пред изборите во 2024 и тоа додатно тоа ја распламни целата таа приказна.
-Го замолив Министерството за правда да ги објави сите сведоштва од Големата порота во врска со Џефри Епстен, со единствен услов, а тоа е одобрување од судот. Со тоа кажано, дури и ако судот даде целосно и непоколебливо одобрување, ништо нема да биде доволно добро за проблематичните и радикалните левичарски лудаци што го бараат тоа. Секогаш ќе сакаат повеќе, повеќе, повеќе МАГА!
За време на викендот Трамп се обиде да го сврти вниманието на други теми, па ја нападна администрацијата на Обама поради наводно мешање на американските тајни слузби во изборот во 2016 година
Демократите брзо ја препознаа приликата и се приклучија на барањата на МАГА за целосно отварање на досието на Епстен.
Сенаторката Ејми Клобучар потсетила дека Трамп бил претседател кога Епстен бил уапсен и ставен во затвор.
– Ако некој знае што има во тие документи, тогаш тоа се тие.
Моментално не постои јавен доказ кој дирекно ќе го поврзе Трамп со криминалнте активности на Џефри Епстен. Но секој нов детаљ од неговото минато ќе ја разгневни јавноста и ќе предизивика голем јавен интерес.
The post Скандал ја тресе Америка – Трамп бара начин како да се запрат коментарите appeared first on Локално.