6
Иако нема повредени лица, предизвикана е холема материјална штета поради пожарот во хотелскиот комплекс Манастир, а зафатен е и женскиот манастир во негова билизина. Екипите во текот на ноќта го ставија под контрола, а гостите се претходно евакуирани.
Според командирот на ТППЕ Берово, Сашко Руменовски пожарот избувнал најверојатно од грилот од скарата. Интервенирано е со 15 пожарникари и 4 противпожарни возила, а дополнително е побарана помош во пожарникари и возила од ТППЕ Виница, Кочани Струмица и Доброволно друштво Пехчево.
Повеќе детали околу причините за избувнувањето на пожарот се најавени за денеска.