Почеток МАГАЗИН - ЗАНИМЛИВОСТИЗабава Скопските концерти се одложени – „скршениот“ Жељко Бебек мора да оди на рехабилитација

Скопските концерти се одложени – „скршениот“ Жељко Бебек мора да оди на рехабилитација

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Додека да закрепне! Точно е тоа дека да паднеш на сцена на концерт не е нешто ново за оној што паѓа, а не е ни прв ни последен пат за оние што го гледаат тоа. Секако, публиката и новинарите. Токму тоа му се случи на поранешниот легендарен пејач на легендарното „Бијело дугме“, Жељко Бебек, неодамна, на концерт во Виена.

Падот на овој 77-годишниот рокер, кој не запира со одличните настапи, очигледно, стана интересен за публиката. Кога се виде за неговото паѓање, почнаа да се редат секакви коментари: „Па добро е што си останал жив кога сè уште знаеш да пиеш пред секој настап, прекини со ракиичките“, „Оди, човеку, во пензија, не си веќе за на сцена“, „Смешен си, Бебек, препушти им го местото на помладите од тебе, губиш рамнотежа“…

За среќа во несреќа, имаше и многу други позитивни коментари: „Секому може да му се случи, сетете се на големиот број пејачи што паднаа на сцена, па станаа“, „Нека ви текне на падот на пејачката Исмета Дервоз од ‘Амбасадори’, која падна во голема дупка и, за чудо, остана жива“. Затоа „Бебек, не нервирај се, секое чудо за три дена“… или нашата Есма Реџепова, која се заплетка во каблите на сцена, па помина само со модринки. Најчудно од сè во оваа ситуација е што Бебек не падна само еднаш, туку неколку пати. Не можеше да стане. Мораше да побара помош од членовите на оркестарот, кои му помогнаа да застане на нозе.

По сето ова, не се чувствува баш најдобро. Постојано има болки во колената. На концертот, и покрај болките, продолжи со настапот. Изјави дека немало смисла да прекине со концертот. Јуначки издржа до крај, па веднаш потоа замина во амбуланта, со брза помош. Барем ќе научи од сето ова да не биде веќе толку амбициозен кога онака рокерски рипа речиси на секоја песна. Вели дека ќе биде многу внимателен, дури и тогаш кога ќе забележи дека има мала вртоглавица.                                    Како и да е, ќе оди на рехабилитација, за секој случај, па ќе мора да откаже неколку концерти, вклучувајќи ги и оние предвидените во Скопје. Но, за брзо ќе ѝ се врати на нашата публика, да ѝ ги освежи сеќавањата на оној концерт од минатата година, кога триумфално настапи во преполната сала на Македонската филхармонија. Искрено, навиваме за негово што поскоро заздравување.    Д.М.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro