Почеток МАКЕДОНИЈА Скопјанец му дал 50.000 денари на лице кое лажно се претставило дека работи во МВР

Скопјанец му дал 50.000 денари на лице кое лажно се претставило дека работи во МВР

A1on
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Осумдесет и петгодишен маж од Скопје вчера во СВР-Скопје пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 50.000 денари.

Како што соопшти денеска МВР, според пријавеното, измамата се случила на 1 ноември 2024 година кога лицето се претставило како вработено во МВР и му кажало дека ќе му помогне да го излечи неговиот син, а потоа и да го вработи, за што му ги побарал парите.

Оштетениот откако ги дал парите, забележал дека телефонот на лицето не бил достапен, по што сфатил дека е измамен.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Текстот Скопјанец му дал 50.000 денари на лице кое лажно се претставило дека работи во МВР е превземен од А1он.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro