Почеток СВЕТ Словачка ќе ја затвори канцеларијата за врски во Приштина

Словачка ќе ја затвори канцеларијата за врски во Приштина

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Словачка, една од 5-те земји членки на Европската унија кои не го признаваат Косово, реши да ја затвори својата Канцеларија за врски во Косово, четврт век по нејзиното отворање, јави дописникот на МИА од Приштина.

Затворањето на Канцеларијата за врски за Радио Косово го потврдија од Министерството за надворешни и европски работи на Република Словачка.

„Согласно одлуката на словачката Влада, Канцеларијата за врски на Република Словачка во Приштина ќе биде затворена до 31 декември 2024 година, поради реорганизација на дипломатската мрежа и намалување на буџетот“, се вели во одговорот на службата за односи со јавност на словачкото МНР.

Министерството за надворешни работи на Косово не го коментира затворањето на канцеларијата во Приштина, ниту влијанието што оваа одлука може да го има врз односите меѓу двете земји.

The post Словачка ќе ја затвори канцеларијата за врски во Приштина appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro