Смртта на Лијам Пејн на 31-годишна возраст не го изненади ветеранотна рок-сцената Брус Спрингстин.
Минатата среда Пејн почина откако падна од балконот на третиот кат на хотел во Буенос Аирес.
Истрагата е во тек и се уште не е утврдено што точно се случило.
Зборувајќи за „Телеграф“, Спрингстин рече дека уметниците што умираат млади „не е нешто невообичаено во овој бизнис“.
„Тоа е нормална работа. Тоа е работа која врши огромен притисок врз младите. Младите сè уште немаат внатрешна способност да се заштитат од многуте нешта кои доаѓаат со успехот и славата. Така тие се губат. И земаат дрога или алкохол за да отстранат дел од тој притисок“, вели Брус.
Спрингстин продолжи раскажувајќи дека и самиот се борел и со депресија.
„Многу добро го разбирам тоа. Мислам, имав проблеми со различни работи“, се присетува популарниот ветеран на рок-сцената.
Причината за смртта на Пејн била утврдена со прелиминарна обдукција.
Во извештајот се наведува дека Пејн претрпел „внатрешно и надворешно“ крварење и повеќекратни трауматски повреди.
Во собата биле пронајдени алкохол и многу лекови.