СВР Охрид поднесе кривична пријава против правно лице-продавница за пијалоци од Струга, против П.С.(49)-сопственичка на правното лице и вработената М.М.(27), двете од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „точење алхохолни пијалоци на дете“.
-На 26.05.2025, по претходна пријава од Медицински центар Струга дека кај нив биле донесени две малолетни деца затруени од алкохол, полициски службеници преземале мерки и констатирале дека во продавницата не им бил побаран документ за идентификација на децата и не била испочитувана забраната за продажба на алкохолни пијалоци на малолетни лица, односно им било овозможено да купат алкохол, информира МВР.