Почеток МАКЕДОНИЈА СОЧУВСТВО ОД МИЦКОСКИ: Во овие моменти на тага, стоиме заедно со нашите соседи и пријатели, по несреќата во Нови Сад

СОЧУВСТВО ОД МИЦКОСКИ: Во овие моменти на тага, стоиме заедно со нашите соседи и пријатели, по несреќата во Нови Сад

denesen.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва изрази сочувство до семејствата на загинатите во несреќата во Нови Сад.

– Во овие тешки моменти, нашите мисли и молитви се со семејствата на загинатите и со сите повредени. Од името на Владата и од мое лично име, упатувам најискрено сочувство до семејствата на настраданите. Нека им биде лесна земјата на оние кои ги загубија своите животи, а на повредените им посакувам брзо и целосно закрепнување. Во овие моменти на тага, стоиме заедно со нашите соседи и пријатели од Србија. Нека оваа трагедија не потсети на важноста од меѓусебна поддршка и солидарност, пишува во објавата на Фејсбук.

Во несреќата во Нови Сад при уривање на настрешница на железничката станица загинаа 14 лица меѓу кои и еден Македонец.

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro