Почеток СВЕТ „Со булдожери газеле живи луѓе“: Многу израелски војници се соочуваат со тешки психички трауми по случувањата во Газа

„Со булдожери газеле живи луѓе“: Многу израелски војници се соочуваат со тешки психички трауми по случувањата во Газа

republika.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Во интервјуа за Си-Ен-Ен, израелските војници се жалат дека биле сведоци на „ужас“ и дека претрпеле психичка траума при учеството во борбите во Газа.
Во нивното сведочење, многумина сведочат како со оклопни булдожери „превртеле стотици луѓе, и мртви и живи“.

Како што се вели во текстот, додека ги извршувале задачите на терен, на почетокот им помагало тоа што добивале наредби да се борат против терористите и оние кои го поддржуваат Хамас во Газа“. Сепак, состојбата се променила како одминувал текот на борбените дејствија.

Експлозиите сега одекнуваат во главите на војниците на израелската војска, и некои од нив веќе не можат да јадат месо откако виделе „толку многу месо на улица“, се вели во написот.

Во текот на борбите во Газа, кои траат една година, загинаа речиси 42 илјади Палестинци.
 

The post „Со булдожери газеле живи луѓе“: Многу израелски војници се соочуваат со тешки психички трауми по случувањата во Газа appeared first on Република.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro