Почеток МАКЕДОНИЈА Спасовски: ВМРО-ДПМНЕ не го прифати Законот за Кочани и со тоа ја одби моралната и институционална обврска

Спасовски: ВМРО-ДПМНЕ не го прифати Законот за Кочани и со тоа ја одби моралната и институционална обврска

racin.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Оливер Спасовски на прес-конференција во Собранието упати критики до владејачкото мнозинство поради тоа што не го поддржааа нивното законско решение кое се однесуваше на семејствата на загинатите и повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. 

При утврдување на дневниот ред на 48. собраниска седница не беше изгласано барањето по скратена постапка да се донесе ова законско решение. „За„ гласаа само пратениците од СДСМ и Левица. Според Спасовски, овој закон, кој освен за Кочани требало да се однесува и за семејствата за жртвите и повредените од други трагедии како Ласкарци, Модуларната болница и.т.н, требало да биде закон за обединување, единство, солидарност и сплотеност. 

-Сметаме денеска требаше да се најде на дневен ред еден ваков текст, кој што не е обичен законски текст, туку е морална, институционална обврска, и овој предлог закон произлезе од најголемата трагедија во што се случи во државата, рече Спасовски.

Потсети дека во трагедијата загинаа 62 лица, а преку 200 се повредени и дека тоа оставило психолошки и социјални последици кај семејствата и дека настанот ги истакнал системските пропусти во доменот на безбедносните стандарди и институционалната подготвеност за справување со вакви катастрофи. 

Спасовски посочи на делови од законот, со кои меѓудругото, беше предвидено семејствата на загинатите и повредните да добијат и финансиска поддршка, но и здравствена и психолошка и друго. 

Претходно на прес-конференција пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ образложи зошто владејачкото мнозинство нема да го поддржи законот. 

-ВМРО-ДПМНЕ нема да даде поддршка за законот за настраданите во несреќата во дискотеката во Кочани поднесен од СДСМ и нема да дозволи трагедијата во Кочани да биде злоупотребена за политички маркетинг преку лошо напишани, неусогласени и политички мотивирани закони, изјави Петрушевски.  

Според него, овој предлог-закон е делумно неприменлив, делумно влегува во колизија со сопствените одредби, а делумно се преклопува со постоечки законски права.

– Сето тоа укажува дека станува збор за документ кој повеќе служи за политички маркетинг отколку за вистинска поддршка, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Како што кажа Петрушевски, дополнително, законот експлицитно ги фаворизира настраданите од одредени настани, игнорирајќи други слични трагедии, а со тоа се воспоставува опасен преседан односно правата се темелат на конкретен настан, наместо да се воспостави универзален и праведен систем за сите жртви на несреќи или катастрофи, што го нарушува уставното начело на еднаквост на граѓаните пред законите. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro