Почеток БАЛКАН Србија обединета во болката: Се палат свеќи за настраданите во несреќата во Нови Сад

Србија обединета во болката: Се палат свеќи за настраданите во несреќата во Нови Сад

republika.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

По страшната вест дека 14 тела на загинати се извлечени од под урнатините на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, граѓаните на Нови Сад се собраа на местото на смртта на своите сограѓани, како и на Плоштадот Слобода да запалат свеќи за загинатите, а се солидаризираа и белграѓани, објави Телеграф.

Граѓаните на главниот град им оддаваат почит на жртвите од Нови Сад на мостот на Сава.

Додека цела Србија е обединета во болка поради трагедијата што се случи, на тоа место се собираат голем број граѓани, а нивните лица одразуваат шок и неверување.

Во Нови Сад е прогласена тридневна жалост, додека 2 ноември во цела Србија е прогласен за ден на жалост.

The post Србија обединета во болката: Се палат свеќи за настраданите во несреќата во Нови Сад appeared first on Република.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro