Почеток БАЛКАН Србија ќе продолжи да купува руски гас по поволни цени

Србија ќе продолжи да купува руски гас по поволни цени

republika.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека имал „отворен, долг и содржаен“ телефонски разговор со својот руски колега Владимир Путин, со кого не се слушнале речиси две и пол години.
Вучиќ му се заблагодарил на Путин поради тоа што Русија и оваа сезона обезбедила гас за Србија по поволни цени.
Путин испратил честитки по повод 80-годишнината од ослободувањето на Белград, а Вучиќ се заблагодарил на единиците на советската Црвена армија, кои учествувале заедно со српските во ослободувањето на главниот град за време на Втората светска војна.
– Посебно му се заблагодарив на претседателот Путин за сѐ што направи за да има Србија и оваа зима доволно количество гас, по многу поволни цени – порача српскиот претседател на своите профили на социјалните платформи.
Вучиќ истакна дека „изразил надеж“ дека Србија нема да ѝ воведува санкции на Руската Федерација и изразил благодарност на поддршката од Русија во Обединетите нации за интегритетот и територијалниот суверенитет на Србија.

The post Србија ќе продолжи да купува руски гас по поволни цени appeared first on Република.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro