Почеток Сребрен и бронзен медал за младите хемичари на светската олимпијада во Дубаи

Сребрен и бронзен медал за младите хемичари на светската олимпијада во Дубаи

umno.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

По еден сребрен и бронзен медал и пофалница освоија младите хемичари за Македонија на 57. Меѓународна хемиска олимпијада (IChO 2025) што се одржа во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати. Сребро освои Марио Ванчоски, 4 година во гимназијата „Славчо Стојменски“ во Штип, бронза освои Петар Мирчевски, 4 година во прилепската гимназија „Мирче Ацев“, а пофалница доби Теона Ана Георгиевска, 3 година во „Јахја Кемал“ во Скопје. Дел од тимот беше и Елена Живаљевиќ, 4 година во „Јахја Кемал“.

Учениците со менторите

Нашите талентирани средношколци се натпреваруваа со 354 ученици од 90 држави од целиот свет. Водичи на тимот беа проф. д-р Миха Буклески и проф. д-р Слоботка Алексовска од Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет од Скопје и членови на Сојузот на хемичари и технолози на Македонија, научно здружение што го организираше македонското учество на олимпијадата.

– Марио оствари трет најдобар резултат по број на поени за експерименталниот дел на натпреварот, во однос на сите 354 учесници – вели Буклески за Умно.мк.

 

Учениците имаа интензивни подготовки на Институтот за хемија, а покрај водичите на тимот, во подготовките учествуваа професорите од ПМФ: Владимир Петрушевски, Марина Стефова, Јасмина Петреска-Станоева, асистентите Ивона Софрониевска и Леон Стојанов. Особено голем придонес дадоа студентите (поранешни олимпијци) Михаил Трајков и Дарко Стојчев, а беа вклучени и Марија Петрова и Филип Бојаџиевски.

The post Сребрен и бронзен медал за младите хемичари на светската олимпијада во Дубаи first appeared on УМНО.МК.