Претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, денеска оствари средба со министерот за надворешни работи, африканска соработка и марокански иселеници на Кралството Мароко, Насер Бурита.
Средбата претставуваше продолжение на пријателскиот дијалог меѓу двете земји, со фокус на унапредување на институционалната и севкупната билатерална соработка. Претседателот Гаши го реафирмираше интересот на Македонија за укинување на визите со Мароко, како чекор кон олеснување на комуникацијата, економската размена и туризмот.
Особено нагласувајќи ги можностите за соработка во областите на економијата, земјоделството, туризмот, енергетиката, образованието и младинската размена.
Министерот Бурита, од своја страна, ја истакна подготвеноста на Кралството Мароко за унапредување на односите, со посебен фокус на економската соработка, туризмот и парламентарната дипломатија.
Присутните ја истакнаа заложбата за формирање група за парламентарна соработка меѓу Македонија и земјите од Северна Африка, како трајна парламентарна платформа за дијалог и заеднички иницијативи.
Соговорниците ја oценија средбата како значаен чекор во јакнењето на билатералните односи и отворање на ново поглавје во пријателството меѓу Република Македонија и Кралството Мароко.