Почеток БАЛКАН Српскиот министер за градежништво, Весиќ: Давам оставка!

Српскиот министер за градежништво, Весиќ: Давам оставка!

A1on
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија – Горан Весиќ денеска во прес-салата на Владата на Србија одржува вонредна прес-конференција.

„Помина ден на жалост во Србија поради трагедијата што се случи во Нови Сад. Не го објавив тоа од сожалување за жртвите и нивните семејства. Таа вечер бев на железничката станица, истиот ден дадов оставка. Се случи несреќата, а мојата намера му ја соопштив на претседателот на републиката. Утре изутрина и официјално ќе поднесам оставка од функцијата министер за градежништво, транспорт и инфраструктура“, изјави Горан Весиќ.

Нагласи дека не се чувствува одговорен и виновен за смртта на 14 лица во уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад.

Текстот Српскиот министер за градежништво, Весиќ: Давам оставка! е превземен од А1он.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro