Почеток МАКЕДОНИЈАСрпски дипломат контра ДЕТЕКТИВОТ Пендаровски: Глигоров не ја одби можноста Македонија да влезе во југословенска федерација

Српски дипломат контра ДЕТЕКТИВОТ Пендаровски: Глигоров не ја одби можноста Македонија да влезе во југословенска федерација

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Поранешниот министер на СР Југославија Владислав Јовановиќ за српски Телеграф ги коментира преговорите за опстојување на некогашната федерација во која главниот збор го имал Слободан Милошевиќ.

Српскиот претседател имал одвоени средби со претседателот на БИХ Алија Изетбеговиќ и на Македонија Киро Глигоров за да се задржи заедничката држава во некаква скратена форма откако ја напуштија Хрватска и Словенија.

-Милошевиќ отиде во Охрид на разговори со Глигоров, кој му рекол дека сака Македонија прво да биде независна, а потоа да се размислува за влез во таа нова федерација, изјави Јовановиќ за српски Телеграф.

Ова е сосема различно тврдење од она на поранешниот македонски претседател Стево Пендаровски кој е убеден дека зад атентатот на Глигоров стои Милошевиќ бидејќи претседателот на Македонија одбил секакви разговори за влез во некоја идна федерација со Србија и со другите поранешни југословенски републики.

Поранешниот председател Стево Пендаровски во интервју за Лајм ТВ говори заатентатот на тогашниот претседател Киро Глигоров.

Пендаровски мисли дека детали од овој трауматичен настан го наведуваат да верува дека Милошевиќ го нарачал атентатот врз Глигоров.

-Не можам да видам друга логика освен Слободан Милошевиќ.Еден ден пред атентатот Глигоров е кај Милошевиќ  и српскиот претседател го прашува дали има шанси да влезат во некаква скратена Југославија.Глигоров му вели не, објаснува Пендаровски.

Можно е и ова да ти се допаѓа