Почеток БАЛКАН Стевчо нема да излезе, ЗЕЛС останува обединет

Стевчо нема да излезе, ЗЕЛС останува обединет

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

На барање на претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, денеска се одржа средба помеѓу него и градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, со цел да се најде решение по најавите за излегување на оваа општина од заедницата.

На средбата беше повикан и градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов, но тој како што и претходно најави, не дојде.

– ЗЕЛС не е тој што предизвикува кризи, ЗЕЛС ги надминува кризите – изјави Ѓорѓиевски после средбата со неговиот колега Јакимовски.

Тој додаде дека секогаш имало несогласувања помеѓу одреден градоначалник и министер, но логички е кога се работи да постојат и такви несогласувања.

– Ние сме тие кои влегуваме во директна медијација на процесот и верувам дека ќе ги надминеме какви и да се разликите и колку и да се длабоки тие. ЗЕЛС останува обединет и понатаму. Во наредниот период ќе продолжиме со интензивна комуникација и со Струмица. Колегата Перо Костадинов, кој е мој потпретседател, и доаѓа од редовите на Социјалдемократскиот сојуз, ќе се потрудам со Костадин Костадинов да седнеме на заедничка маса и верувам дека, како и Стевчо што кажа дека нема да излезе од ЗЕЛС и остава простор на процесот да ги надминеме проблемите, истото ќе се случи и со општина Струмица – истакна Ѓорѓиевски, нагласувајќи дека ќе застанат зад секој колега градоначалник без разлика од било која политичка партија да доаѓаат.

Во текот на наредните неколку денови, ЗЕЛС ќе направи обиди за организирање средби помеѓу гореспоменатите градоначалници и претставниците на централната власт.

Од Општина Струмица потврдија дека ставот на Костадинов за напуштање на ЗЕЛС е конечен.

– Градоначалникот уште во петокот соопшти дека го напушта ЗЕЛС и дека не прифаќа средба затоа што таа нема ништо да промени – велат од Општината.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro