Почеток СкопјеСтефковски: Обезбедени се средства за уредување на каналот во Сингелиќ

Стефковски: Обезбедени се средства за уредување на каналот во Сингелиќ

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Градоначалник на Општина Гази Баба, Бобан Стефковаки заедно со првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина, Изет Меџити, го потпишаа договорот со кој се обезбедуваат средства во висина од 21.073.863 денари за реализација на првата фаза од уредувањето на коритото на каналот во Сингелиќ.

-Добра вест за жителите на Сингелиќ! Обезбедени се средства за уредување на каналот! Она што го ветивме на средбата со жителите од Сингелиќ пред два месеци, денес станува реалност!, објави Стефковски.

Уредувањето на одводниот канал е од клучно значење за жителите на Сингелиќ. Овој канал со години претставуваше ризик од поплави, загадување на околината и сериозен проблем за хигиената и секојдневниот живот на граѓаните. Конечно, започнуваме со решавање на проблем кој предолго беше игнориран, потенцира Стефковски.

Тој додаде дека сите претходни власти им ветуваа на граѓаните на Сингелиќ дека ќе го решат овој горлив проблем, но за жал, сè остануваше само на зборови. Ние сме тука да покажеме дека не сме како претходните – кај нас ветеното прераснува во дело!

Ова е уште еден доказ дека како градоначалник се борам за обезбедување на средства и реализација на проекти во сите населени места низ општина Гази Баба. Без разлика на етничката, верската или било каква друга припадност на жителите. Тоа го покажуваме на дело веќе четири години. Инвестираме насекаде!, наведува во објавата.

Изразувам искрена благодарност до: Заменик претседателот на Владата и министер за животна средина, г. Изет Меџити, Претседателот на Собранието на Македонија, Африм Гаши и колегите од општинската администрација, кои заедно со мене изминатиот период работеа посветено за да стигнеме до овој ден – денот кога се склучува договорот и се отвора патот за почеток на градежните активности веднаш по изборот на економскиот оператор, истакна Стефковаки.

Можно е и ова да ти се допаѓа