Почеток МАКЕДОНИЈАСтојанов: Во Неготино се реши деценискиот проблем со недостиг на вода за пиење

Стојанов: Во Неготино се реши деценискиот проблем со недостиг на вода за пиење

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Во рамките на трибината на денешниот настан Саем-Отчет за сработеното во мандатот на градоначалниците се обрати и градоначалникот на општина Неготино,Горан Стојанов којшто истакна дека она што може првенствено да се пофали е тоа што Неготино веќе може да заборави на рестрикциите на вода коишто беа 6-7, а понекогаш и 8 часа во текот на едно деноноќие.

Сега, вели Стојанов, можеме да кажеме дека во општина Неготино сега веќе има и прилив на вода во некои моменти.

Тој посочи дека овој децениски проблем се реши благодарение на посветената работа и залагањето на локалната самоуправа и на вработените во ЈП Комуналец.

„Морам да напомнам дека се стави во функција и катодната заштита на водоводната мрежа од околу осум километри, а секако мораме да напомениме и дека веќе во завршна фаза се и ставање на два извори или бунари кои се со капацитет од четири и пол литри. Така што со овие 9 литри ќе биде решен проблемот со водоснабдувањето во општината“, рече Стојанов.

Посочи дека после долги години ветување од разни градоначалници, во Неготино веќе е изграден затворен пазар, со површина од два пати по 220 квадрати кој ќе биде голем бенефит за неготинчани.

Можно е и ова да ти се допаѓа