Почеток МАКЕДОНИЈАСтојаноски: Преземавме обврска да бидеме во служба на граѓаните, заеднички да ја направиме Македонија подобро место за живеење

Стојаноски: Преземавме обврска да бидеме во служба на граѓаните, заеднички да ја направиме Македонија подобро место за живеење

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Изјава на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски:

„Преземавме обврска да бидеме во служба на граѓаните, заеднички да ја направиме Македонија подобро место за живеење за секој еден. Доследно испорачуваме на обврската и ги исполнуваме нашите заложби.

Денес во Собранието реалност ќе станат три клучни закони. Решенија директно насочени кон зголемување на животниот стандард на студентите, пензионерите, како и целокупната економска активност и развој на Македонија.

Ќе го изгласаме законот за дури 55.000 студенти да добијат 250 евра, неповратни средства, кои што ќе може да ги искористат за купување на таблет или лаптоп. Реформа која покрај тоа што ќе влијае врз по квалитетен и современ образовен процес, ќе придонесе кон зголемена еднаквост помеѓу студентите, како и кон поголема дигитализацијата на образовниот процес.

Во Собранието ќе го изгласаме и законот за линеарно зголемување на пензиите. Пензионерите да добијат дополнителни 2.000 денари на своите
сметки. Чекор кон ветеното зголемување од 7.000 денари, односно дополнителни 14.000 денари за пензионерите во заедница. Конкретна поддршка за над 345.000 граѓани. Мерка која исто така ќе зададе силен удар врз нееднаквоста, но и ќе врати со зголемена финансиска стабилност за оние кои ја создаваа Македонија

Пратениците ќе гласаат и за законот кој ќе ја трансформира финансиската поддршка на инвестициите. Решение кое значајно ќе се спротивстави на финансиските злоупотреби во иднина, но и ќе ги насочи парите онаму каде што навистина се најпотребни.

ВМРО-ДПМНЕ неуморно продолжува во своите заложби, финансиска стабилност и благосостојба за секој наш сограѓанин. Зголемена куповна моќ како и зголемен квалитет на живот.

Заедно со граѓаните и поддршката која ја добиваме, не отстапуваме од целта, Македонија да биде пристојно место за живот, за секој еден.

Можно е и ова да ти се допаѓа