0
Силни бури беснееа вчера во Словенија, обилни дождови, бурен ветер и град.
Илјадници корисници на „Електро Љубљана“ останаа без електрична енергија. Агенцијата за животна средина издаде портокалово предупредување за поголемиот дел од земјата.
Западниот дел од Словенија, по должината на границата со Италија, вчера беше погоден од силна бура.
Краток пороен дожд со силен ветер го погоди главниот град Љубљана за време на невремето, ветерот кршеше гранки и оштети некои комерцијални згради.
The post Страшно невреме ја погоди Словенија – ветерот носеше се пред себе! appeared first on Локално.