Почеток Студенти и истражувачи од ФЕИТ освоија награда за најдобар научен труд

Студенти и истражувачи од ФЕИТ освоија награда за најдобар научен труд

umno.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Награда за најдобар научен труд освоија студенти и истражувачи од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје на меѓународна конференција за обработка јазик – ACL (Association for Computational Linguistics) во Виена, Австрија. “Towards Open Foundation Language Model and Corpus for Macedonian: A Low-Resource Language” е насловен трудот на Стефан Крстески, Борјан Саздов и Матеа Ташковска кои работеле под менторство на професорите Бранислав Геразов и Христијан Ѓорески.

Во рамките на истражувањето тие развиле четири клучни ресурси: голем јазичен ВИ модел (анг. LLM) специјализиран за македонски јазик, множество инструкции на македонски јазик за развој на големи јазични модели и систем за евалуација на перформансите на јазичните модели на македонски јазик.

Овие ресурси се јавно достапни на веб-страницата www.lvstck.org и може да се користат како основа за понатамошни истражувања, развој на македонски јазични алатки и нивна примена во различни сфери и апликации. Успех претставува меѓународно признание за македонските истражувачи и чекор кон дигитална иднина во која македонскиот јазик добива поддршка и видливост во глобалниот развој на јазични технологии и вештачка интелигенција.

The post Студенти и истражувачи од ФЕИТ освоија награда за најдобар научен труд first appeared on УМНО.МК.