Почеток МАКЕДОНИЈАСудењето против Раде Трајковски – Штекли одложено, бил неспособен да го следи

Судењето против Раде Трајковски – Штекли одложено, бил неспособен да го следи

Слободна Европа
0 коментари
A+A-
Ресетирај
Почетокот на судскиот процес против Раде Трајковски-Штекли и уште 9 лица обвинети за трговија со дрога е одложен за 7 август поради хоспитализација на обвинетиот Трајковски.
Трајковски утрово бил неконтактибилен и дезориентиран, поради што требало итно да биде пренесен во Клиничкиот центар, рече судијата Илија Трпков. Такви напади, како што дополни судијата, обвинетиот имал и во текот на вчерашниот ден.
По одложувањето, обвинителката Верица Бержецка-Крстева информираше дека во меѓувреме Штекли доставил психијатриско мислење дека не е способен да ги следи судењата. Таа рече дека и Јавното обвинителство ќе направи вештачење по таа околност и ќе бара подготвително рочиште за да се соочат вештачењата.
Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) поднесе обвинение против 10 лица за продажба на дрога. Истрагата траеше речиси една година и вклучуваше посебни истражни мерки. Првично беа опфатени 16 лица, но 7 од нив склучиле спогодби и добиле затворски казни од 3 години до 3 години и 6 месеци.
Како што соопштија претходно од ОЈО ГОКК, групата била добро организирана, со јасно поделени улоги – од набавка до продажба на кокаин и марихуана.
Во 2024-та година имаше три обиди за убиство на Раде Трајковски – Штекли во скопскиот трговски центар „Ист Гејт“ и неговата семејна куќа. Ккао што пишуваа медиумите, Штекли се смета за близок до криминалната група „Беланоца“.
Претходно во декември минатата година Обвинителството почна истрага против 18 припадници на криминалната банда позната во јавноста како „Беланоца-Барон“ за сторени најмалку осум убиства, рекет, лихва и опожарени спортски обложувалници. Дел од уапсените се сомничат дека наплаќале од 10 до 250 илјади евра за убиство.

Можно е и ова да ти се допаѓа