Почеток СВЕТ СУДОТ ВО ВАЛЕНСИЈА ПРЕТВОРЕН ВО МРТОВЕЧНИЦА! Луѓето на покривите повикуваат помош, цели улици се под вода: „Беше како цунами“

СУДОТ ВО ВАЛЕНСИЈА ПРЕТВОРЕН ВО МРТОВЕЧНИЦА! Луѓето на покривите повикуваат помош, цели улици се под вода: „Беше како цунами“

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Шпанија се справува со последиците од поплавите кои ја опустошија земјата во последните 24 часа. Последниот извештај на властите во Валенсија, објавен синоќа во 19:30 часот, потврдува дека бројот на загинати се искачи на 95, а многу луѓе се водат како исчезнати.

Локалните власти соопштија дека судската палата во регионалниот главен град, наречена и Валенсија, била претворена во привремена мртовечница бидејќи се стравува дека бројот на жртвите ќе расте. Во градот Паипорта во Валенсија, најмалку 40 луѓе ги загубија животите, од кои шест се во дом за стари лица, објави шпанската државна новинска агенција ЕФЕ, повикувајќи се на изјава на градоначалникот.

На видеата објавени од спасувачките служби се гледаат цели улици под вода, луѓе заробени на покриви и превртени автомобили од поплавата. Се проценува дека околу 1.200 луѓе сè уште се заробени на различни делови од автопатот во Валенсија, додека околу 5.000 возила се блокирани поради надојдената вода, објави ЕФЕ, повикувајќи се на шпанската цивилна гарда.

-Кога водата почна да се крева, дојде како бран. Беше како цунами – изјави Гилермо Серано Перез, 21-годишник од Пајпорта, во близина на Валенсија.

Тој и неговите родители се возеле по автопатот кога водата наеднаш почнала да се крева. Преживеале качувајќи се на мостот и оставајќи го автомобилот на милост и немилост на поројот. Иако обилните дождови веќе паѓаа со часови, многумина, како семејството Серано Перез, беа затекнати од жестокоста на поплавите.

-Беше страшно. Кога видовме дека водата се крева и доаѓа до првиот кат од куќата, се качивме на покривот. На покривот останавме до четири часот наутро. Немавме вода, ни беше ладно. На крајот пристигна хеликоптерот. Сè беше уништено, но барем ние сме живи, изјави еден жител за ТВЕ.

Семејството на Петрута Санду, исто така, беше затечено од поројните поплави. Последен пат разговарала со своите родители во вторникот доцна навечер, кога останале заробени на покривот на нивниот автомобил додека нивото на водата околу нив растело.

– Од 10 часот синоќа не знаеме ништо за нашите родители – изјави таа за РТВЕ.

Би-Би-Си објави дека водата се повлекла, но премиерот Педро Санчез ги повика жителите на Валенсија, Андалузија и Каталонија да бидат внимателни бидејќи црвените и портокаловите предупредувања останале на сила на поголем дел од територијата.

Министерот за територијална политика Анхел Виктор Торес изјави дека точниот број на исчезнати сè уште не е познат. Кралот Фелипе Шести изјави дека има „огромно уништување“, Торес најави дека Шпанија ќе прогласи тридневна жалост од утре до недела.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro