Почеток МАКЕДОНИЈА Сè уште се проверува случајот со починатото бебе од Струмица

Сè уште се проверува случајот со починатото бебе од Струмица

Лидер мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат ја провериле документацијата на клиниката кога и во каква состојба било примено. Надзор направиле и кај матичниот гинеколог и во струмичката болница.

Извештајот треба да даде одговор колку редовни контроли правела мајката, каква терапија примало новороденчето и кога е примено во болница. Во зависност од нивната контрола ќе се знае дали ќе има формирање стручна комисија.

Според лекарите од Детската клиника, бебето било донесено во многу лоша состојба и сепсата била фатална. Од друга страна, пак, од струмичката болница кажуваат дека по раѓањето бебето го ставиле на антибиотска терапија и го испуштиле дома со мајката во добра состојба.

Ова е втор случај за еден месец. Претходно на Детската клиника почина 14-месечно бебе од Гошинце за кое надзорот констатираше системски и стручни пропусти. Двајца специјалисти се суспендирани и за нив во тек е дисциплинска постапка.

Од Лекарската комора деновиве ќе се изјаснат по барањето на Таравари какви мерки да бидат преземени.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro