Почеток КУЛТУРАСценаТанцовата претстава „Ајде!“ на Скопско лето

Танцовата претстава „Ајде!“ на Скопско лето

umno.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Танцовата претстава „Ајде!“ во кореографија на Игор Киров и Бојан Мицев ќе биде премиерно изведена вечерва во 20.30 часот на сцената на Театар Комедија во Скопје. Оваа претстава нè води низ богатата музичка култура на ромската заедница. На најзначајниот ден во годината, Едерлези или Ѓурѓовден — денот на радоста, кога се слави будењето на природата, почетокот на новиот живот, пријателството и заедништвото, се раѓа една нова љубов. „Ајде!” преку препознатлив ритам и музика, со танц, раскажува за неостварена љубов во доминантно патријархална средина и ја оживува ромската музика и фолклор на сцената. Претставата има за цел да ја подигне свеста за вредноста на животот, личната слобода и општествените норми во современиот контекст.

Драматург е Ана Ристоска Трпеноска, играат: Јована Зајкова, Лука Ѓорѓиевски, Илијана Данилов, Нина Петрушевска, Андреј Димоски и Бојана Арсовска. За видеото се погрижи Мартин Михајлов од „Марсбен продукција“. Фотографијата е на Ања Калин, продукцијата – на Motion Network од Штип.

Претставата е во соработка со ДМБУЦ „Илија Николовски Луј” од Скопје и е поддржана од Министерството за култура и туризам. Влезниците може да се купат онлајн.

The post Танцовата претстава „Ајде!“ на Скопско лето first appeared on УМНО.МК.

Можно е и ова да ти се допаѓа