Премиерот Христијан Мицкоски направи обид за посредување меѓу Арбен Таравари и останатите лидери на ВЛЕН, со цел да ја зајакне коалицијата пред локалните избори. Сепак, не успеа да го премости јазот меѓу нив. Како резултат, Таравари ќе ја напушти Владата, бидејќи довербата помеѓу него и останатите лидери е целосно нарушена. Таравари обвини дека бил некоректно третиран од страна на партнерите во ВЛЕН, додека тие пак сметаат дека бил неискрен и уценет од ДУИ.
Сега, Таравари останува без поддршка од ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори, бидејќи оваа партија ќе ги поддржи кандидатите на ВЛЕН. Иако се очекува Таравари да соработува со ДУИ за да ја добие општината како Гостивар, неизвесно е колку ДУИ ќе му отстапи, со оглед на конкуренцијата за Чаир и Тетово.
Во исто време, Зијадин Села изрази несогласување за соработка со Таравари во рамки на Европскиот фронт, нагласувајќи дека не го смета за симбол на борбата за почитување на легитимитетот на Албанците во власта.
The post Таравари ја напушта Владата, Мицкоски не успеа да ја спаси коалицијата appeared first on Локално.