Почеток СВЕТ Тајани: Путин треба да одлучи дали ќе има мир во Украина

Тајани: Путин треба да одлучи дали ќе има мир во Украина

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Италијанскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Антонио Тајани денес изјави дека рускиот претседател Владимир Путин треба да одлучи дали ќе има мир во Украина, откако украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е подготвен да се сретне со него на мировни преговори в четврток во Истанбул.

– Се надевам дека Москва ќе ја препознае подготвеноста на Зеленски и посветеноста на сите нас да постигнеме мир, рече Тајани на маргините од состанокот на алијансата Вајмер Плус-Киев во Лондон, објави Анса.

Тајани додаде дека денеска целата одговорност е во рацете на Путин.

– Мирот зависи исклучиво од волјата на Руската Федерација, рече шефот на италијанската дипломатија.

Тајани рече дека сигналите „не се охрабрувачки“ по нападите извршени во текот на ноќта и додаде дека примирјето сè уште останува клучен услов за „сериозни преговори“.

Рускиот претседател Владимир Путин предложи продолжување на директните преговори со Украина без предуслови, кои беа прекинати во 2022 година, и дијалогот да започне на 15 мај во Истанбул.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се согласи на разговори во Турција на 15 мај, но само лично со Путин.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro