Девет тајландски цивили, вклучувајќи едно осумгодишно момче, беа убиени во вооружена престрелка што избувна меѓу Камбоџа и Тајланд во понеделник наутро, соопшти тајландската војска.
Ројтерс соопшти дека во судирите се повредени 14 лица.
Министерството за надворешни работи на Тајланд во понеделник соопшти дека камбоџанската војска започнала напади насочени кон цивилни области во Тајланд, вклучувајќи и болница, предизвикувајќи смртни случаи.
Министерството го повика својот сосед да престане со она што го нарече „сериозни прекршувања на меѓународното право“.
Според началникот на округот Кабчинг во покраината Сурин, Сутирот Чароентанасака, околу 40.000 луѓе од 86 села се евакуирани на побезбедни локации поради заканата од конфликтот, објави Ројтерс.
Како што објави Гардијан, пред денешните судири, Камбоџа објави дека „ги намалува дипломатските односи со Тајланд на најниско ниво“, го протерува тајландскиот амбасадор и го повлекува камбоџанскиот персонал од својата амбасада во Бангкок.
Ова беше одговор на затворањето на граничните премини со Камбоџа од страна на Тајланд на североисточниот дел, повлекувањето на својот амбасадор и протерувањето на камбоџанскиот амбасадор вчера во знак на протест поради експлозија на мина во која беа повредени пет тајландски војници, јавува Танјуг.
Текстот Тајландска армија: Девет цивили убиени во судир со Камбоџа, вклучувајќи и едно момче е превземен од А1он.