Почеток МАКЕДОНИЈА Телефонски сеанси за одвикнување од пушење

Телефонски сеанси за одвикнување од пушење

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Институтот за јавно здравје започнува телефонска линија за советување, со цел да ги поддржи лицата во процесот на откажување од пушењето. Квалификувани стручни лица ќе нудат персонализирани совети и стратегии за успешно ослободување од пушењето, информираат од Институтот.

Како што појаснуваат, линијата ќе биде достапна секои понеделник и среда од 11 до 13 часот. Заинтересираните да се откажат од пушење, може да се јават на телефонскиот број 078 285 873 и да добијат совети. Од Институтот порачуваат да не се чека, да се почне со патот кон подобро здравје.

Оваа активност на ИЈЗ е резултат на истражувањата кои покажуваат дека Македонците се убедливо најголеми потрошувачи на цигари во регионот и на топ 10 листата во светот. Речиси половина од возрасните се пушачи на цигари, притоа не сметајќи ги електронските цигари и другите тутунски производи. За споредба, во Европската Унија пушачи се помалку од 20%, а во светот 17% од населението.

Речиси секој втор пушач во Македонија троши повеќе од една кутија цигари дневно. Од година в година возраста на која младите почнуваат да пушат драстично се намалува. Просекот во Македонија е 13,5 години.

Истражувањето на тинк-тенкот Аналитика покажува дека пушењето може да доведе до 39 илјади смртни случаи во следните 40 години. И покрај застрашувачките бројки, анализата покажала дека Македонците немаат намера да се откажат од пушењето. Богатите истовремено конзумирале и повеќе алкохол, оние од средна класа заради пушењето не трошат на образование, додека посиромашните попрво би избрале цигара, отколку да си купат нешто за јадење. Дури 13% од платата ја трошат на тутунски производи.

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro