Почеток БАЛКАН Тензично во Нови Сад пред денешниот најавен мирен протест на граѓаните после железничката несреќа

Тензично во Нови Сад пред денешниот најавен мирен протест на граѓаните после железничката несреќа

A1on
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Опозицијата планира да предизвика немири и да го урне градот на денешните протести, а потоа да ја обвини Српската напредна партија за наводно вмешаност на нивни поддржувачи, објави Новости.

Како што дознаваме, демонстрантите ќе рушат излози и ќе предизвикаат хаос на улиците на повеќе локации во градот.

-Планот е насилството да ескалира пред насобраните граѓани да почнат да се разотидуваат. Потоа ќе преземе акција група специјално организирани радикални демонстранти. После тоа, планот е вината да се префрли на Српската напредна странка дека зад немирите стојат активисти кои наводно биле вметнати во толпата со цел да се дискредитираат протестите – дознаваме од извор близок до организаторите на протестот, кој сакал да остане анонимен.

Нашите сознанија, објави Новости беа потврдени и од полициската управа. Полицијата веќе е предупредена за можноста од вакви сценарија и е подготвена да реагира доколку дојде до нарушување на јавниот ред и мир.

На неколку простории на Српската напредна странка утрово е фрлена црвена боја, а искршени се и некои стакла. Во прашање се канцелариите на месните комитети на СНС во Петроварадин и Ветерник, како и на улиците Стражиловска, Косовска и Руменачка во Нови Сад.

Канцеларијата на СНС во стариот дел на градот Подбар, на која вчера беше скршен прозорец и со црвена боја испишано „Убијци“, денеска повторно беше мета на црвена боја.

Текстот Тензично во Нови Сад пред денешниот најавен мирен протест на граѓаните после железничката несреќа е превземен од А1он.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro