Почеток МАКЕДОНИЈАТепачка во клиниката „8 Септември“ – интервенирала полицијата

Тепачка во клиниката „8 Септември“ – интервенирала полицијата

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Инцидент се случил во текот на вчерашниот ден во клиниката „8-ми септември“, информираат од МВР.

-На 23.07.2025 во 14.10 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода У.П.(44) и А.Б.(50), двајцата од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во Градската општа болница „8 Септември“ – Скопје го нарушиле јавниот ред и мир со агресивно однесување кон вработените, при што А.Б. физички го нападнал И.И.(33) од село Грчец, скопско, вработен како обезбедување во установата, стои во полициското соопштение.

По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

The post Тепачка во клиниката „8 Септември“ – интервенирала полицијата appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа