Тетекс АД Тетово во првите девет месеци од годинава остварил добивка од 11.455 илјади денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза.
Истиот период лани добивката изнесуваше 40.378 илјади денари.
Остварените приходи од продажба на производи и услуги изнесуваат 43.745 илјади денари и истите се резултат од редовното работење, во што се вклучени приходи од кирии, услуги и продажба на материјали, готови производи и стоки.
Во финансиските приходи се евидентирани и приходите од примени дивиденди во износ од 43.225 илјади денари, кои минатата година изнесуваале 77.688 илјади денари.
Остварените единечни вкупни расходи изнесуваат 74.500 илјади денари. Истите лани изнесувале 120.771 илјади денари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Професорот Михаил Петковски поднесе оставка од Одборот на директори на Тетекс
Тетекс откупи 19.118 сопствени акции
За директорот на Тетекс 5% од ланската добивка на компанијата
Фото: Тетекс
The post Тетекс со драстичен пад на добивката во третиот квартал appeared first on еМагазин.