Почеток МАКЕДОНИЈАТетовка измамена за сума од 16.000 евра и 10.700 швајцарски франци

Тетовка измамена за сума од 16.000 евра и 10.700 швајцарски франци

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Вчера во 14:40 часот во СВР Тетово, 79-годишна тетовка пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 16.000 евра и 10.700 швајцарски франци.

Како што информираат од МВР според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа, при што се здобила со тешки телесни повреди и дека треба да плати за неопходната операција. Како што е пријавено, таа парите ги фрлила од балкон на едно лице, а подоцна дознала дека била измамена.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Тетовка измамена за сума од 16.000 евра и 10.700 швајцарски франци appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа